СДСМ: МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?

Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и МВРО – ВМРО, соопшти денеска СДСМ/

Од владеачката партија наведуваат дека едно е тепањето на полицаецот кој си ја вршел својата работа.

-Шефот на обезбедувањето на Мицкоски удри по инспектор кој спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје, што го покажува вистинското, насилничко и криминално лице на ДПМНЕ. Второ е дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога? МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?, прашуваат од СДСМ.

Партијата го повикува Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.

-Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ ветува завршување на автопатот Кичево-Охрид до крајот на 2026 година
Следна вестАктивни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани