СДСМ: На време преземаме мерки за обезбедување на енергија

СДСМ и коалицијата, преку институциите кои ги предводат, преземаат навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна во пресрет на една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза, соопшти СДСМ.

Владеачаката партија наведува дека е зголемено  домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

-Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството, а на сила се и мерките за заштеда на струја. Државата обезбедува субвенционирање на 80 отсто од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20 отсто од цената. Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помалу приватни компании добиваат 80 проценти субвенционирана цена на електрична енергија, наведуваат од партијата.

Се додава дека со ребалансот на Буџетот се издвоени 76 милиони евра за нови мерки за помош.

-СДСМ одговорно и државнички во време на светска енергетска криза, се грижи за сите граѓани, се вели во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ако власта домаќински работеше ќе се спречеше зголемувањето на цената на струјата
Следна вестНе запираат ни за викендот: 174 казнети возачи во Скопје, 93 возеле пребрзо