СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО за што јавно се извинуваме, соопшти оваа партија.
Во напртиското соопштение на најголемата опозициска партија се наведува дека имале непроверена информација.
-Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО. СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност, потенцираат во нивното соопштение.
Претходно, партијата обвини дека синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и сопругата на Богдан Илевски се назначени за надзор во МЕПСО обвинувајќи ја власта за партизацијата на администрацијата. Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш демантираа и соопштија дека се работи за лажни вести и дека ниту синот на Ѓорге Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО туку дека станува збор за комплетно различни личности.