СДСМ: Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, единствени против ЕУ

Според СДСМ, единствени против стратешките интереси на државата, против европскиот пат на државата се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против членството во ЕУ, а уште една потврда за тоа е фактот што не делегираа претставници во работните групи за уставните измени. Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев. Тие се против секоја важна стратешка и државничка одлука. И двајцата не поддржаа ниту почеток на преговорите со ЕУ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа хистерија, организираа протести кои станаа и насилни“, велат од СДСМ.

Според партијата на власт, заедно Мицкоски и Апасиев го лажеа народот за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа со асимилација и бугаризација.

Лагите, како што велат, им потонаа, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет, а тие не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, како прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки.

– Мицкоски и Апасиев по секоја цена настојуваат да го загрозат европскиот пат на државата. Нивната понуда е враќање во минатото, изолација и поделби. Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно ќе бидат поразени, а државата ќе продолжи по својот европски пат, се посочува во напишаното.

Претходна вестMинимално приспособени таленти го упропастуваат оригиналот на народното творештво
Следна вестВардар 1961 и Еурофарм Пелистер не добија дозвола за настап во Русија на Ф4