СДСМ: Oбезбедена храна во услови на глобална криза

Регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ донесе уште една голема придобивка за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија, соопшти денеска СДСМ.

Владеачката партија наведува дека со потпишување на трилатералниот договор за механизми за обезбедување на храна во Западен Балкан нема да има прекин во снабдувањето со храна во овие три земји, што е од исклучително значење во време на најголемата глобална економска и енергетска криза по Втората светска војна.

Договорот, како што појаснуваат, значи користење на капацитетите на државите од иницијативата „Отворен Балкан“ и тој е гаранција дека ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.

-Со него се гарантира дека ќе се обезбедат стратешки култури, како пченица, пченка, јачмен, млеко, месо, ориз, зејтин, во доволни количини за граѓаните на овие три земји. Отсега за овие проиводи нема да има пречки и застои на границите, ниту пак забрани за извоз на земјоделски производи меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија. Оваа регионална соработка, со здружување и солидарност ќе продолжи и во текот на претстојната зима, а, освен за непречено снабдување со храна се проширува и на соработката во енергетика и справувањето со енергетската криза, е наведено во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Стандардот и економијата се уништени
Следна вестГ7 едногласно гласаше за ограничување на цената на руската нафта