СДСМ: Од ДПМНЕ седат во техничката Влада, а се прават дека не се дел од неа

Од ДПМНЕ седат во техничката Влада а се прават дека не се дел од неа велат од СДСМ. Ова според нив е доказ дека Мицкоски нема став.

– Пишман аџијата Мицкоски се загуби, едно зборува, друго мисли, трето прави. Прво ја проблематизираше техничката влада, потоа велеше дека ДПМНЕ нема да учествува во неа и на крај влезе во Влада со ДУИ. ДПМНЕ предложи министри за во техничката Влада а не ги гласаа во македонското Собрание, односно ги бојкотираа. Седат во техничката Влада а се прават дека не се дел од неа, велат од СДСМ.

Според СДСМ, Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука и дефинитивно не знае каде тера.

Претходна вестЈеменските Хути се спремаат за долга војна со Велика Британија и САД
Следна вестОрбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон