Од партијата посочуваат дека „електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. Цената на електричната енергија не се зголемува“.
– ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците. Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена. Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија, се вели во партиското соопштение.