Владата предводена од СДСМ, со ефикасни и навремени мерки и политики ја одржа економската стабилност на државата и обезбеди предвидлива деловна клима за домашните и за странски инвестиции. Во 2022 година, во екот на глобална криза реалиризани 465 милиони евра капитални инвестиции, што е реализација на 90 отсто од предвидените капитални инвестиции за минатата година, велат од СДСМ.
– Лани во ТИР зоните се вложени над 430 милиони евра и се отворени нови 2.300 работни места, со плати над државниот просек. Во време на глобална економска криза продолжи трендот на раст на платите и пензиите. Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а просечната плата достигна над 33.000 денари. Пензиите се покачија во два наврати, а ново зголемување на пензиите следува во март оваа година, согласно новата методолигија.
За успешноста на економските политики на Владата, потврда е и кредитниот рејтинг на Стандард и Пурс и задржувањето на кредитниот рејтинг на ББ- со стабилен изглед. СДСМ како одговорна партија продолжува со ефикасните и одговорни економски политики, кои даваат резултати, носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани, се вели во партиското соопштение на СДСМ.