СДСМ: Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно признати и потврдени

Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието, реагира денеска владечаката партија СДСМ.

Во соопштението се наведува дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание.

-Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитетски позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа. Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност. Мицкоски работи против државните и национални интереси и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата, наведуваат од СДСМ.

Во партиското соопштение се додава дека на Мицкоски му следува уште еден пораз овој пат на локалните избори.

Претходна вестШто содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Да се почитува етничка и духовна посебност на македонскиот народ
Следна вестМНР реагира до УЕФА за објавата дека Мухамед Сејдини и Филип Поповски се северномакедонци