СДСМ: Само со СДСМ и Пендаровски Македонија може да биде членка на ЕУ

СДСМ и Коалцијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план за обезбедување европска иднина на Македонија, велат од СДСМ.

-Граѓаните сакаат и заслужуваат да имаат уште поголеми плати и пензии, повеќе и подобри работни места, подобар животен стандард, подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, помалку корупција, сакаат да живеат во држава по европски стандарди. ДПМНЕ и Силјановска немаат план за европска иднина, на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина. Само со СДСМ и Пендаровски, Македонија може да биде членка на ЕУ. Нема откажување од иднината! Македонија ќе има проевропски претседател, Стево Пендаровски и проевропска Влада формирана од СДСМ, пишуваат од партијата.

Претходна вестВРЕДИ: Бујар Османи кандидат на Фронтот на руските и српските олигарси
Следна вестМицкоски до Ковачевски: Подобрo тетка ти Жана да ја кандидираше, би била подобар кандидат за претседател