Системските закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства, рече Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ, на денешната седница во Собранието.
‘Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ дека системски закон да се носи по скратена постапка, не е дозволено, особено закон што уредува зголемување на бројот на министерства и агенции и нема ниту процена на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон, кој е спротивен на Деловникот на кој се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред, рече Спасовски.