СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука, велат од СДСМ.

„На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.

Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.

Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат“, се наведува во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз.

Претходна вестЛишен од слобода разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници
Следна вестРистовски по дебаклот на Динамо: Извинете, се надевам навивачите ќе ни простат