СДСМ: За одење в затвор долг е списокот од Белиот дворец

Навредите и говорот на омраза говорат само и исклучиво за состојбата во којашто се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, соопшти денеска СДСМ. Владеачаката партија реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се наведува дека премиерот Димитар Ковачевски „го чека затворска казна“.

СДСМ укажува дека ниското ниво на коешто е паднато ВМРО-ДПМНЕ е затоа што се уплашени, затоа што сите можни црни сценарија им пропаднаа.

-Прво затоа што се главни анти ЕУ структури кои сакаа да ја закочат европската иднина на државата и тоа разбираат дека нема да им успее. Последниот европски предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ, со листа формулација на македонскиот јазик, со заштитен идентитет и историски идентитетски прашања надвор од преговарачката рамка. Поради фактот што не им успеаја насилните крвави сценарија кои заедно со проруската Левица ги реализираа. Затоа што се уплашени од премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој државнички ги води сите процеси успешно и во интерес на граѓаните, се наведува во соопштението.

Се додава дека секој успех на државата е пораз за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, затоа се закануваат, навредуваат, затоа се обидуваат да реализираат крвави сценарија и поделби во општеството.

-А што се однесува до одењето в затвор, долг е списокот од Белиот дворец особено после сите веќе правосилни судски пресуди, потенцираа од СДСМ.

Претходна вестДвајца повредени во сударот на две цистерни на патот Стоби – Неготино
Следна вестЛДП без јасен став за францускиот предлог