СДСМ: Зад сите одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ

Зад сите штетни одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ, тврдат од СДСМ. Поттикнување на национализам и верски поделби, тоа според СДСМ се политики на ДПМНЕ.

– Градоначалникот на Тетово Билал Касами и ОК на ДПМНЕ од Тетово одлично си соработуваат, но не во интерес на граѓаните, и решавање на предизвиците во општината, туку за партиски интереси.

Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ДПМНЕ, се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово, коишто ги извршуваат кадрите на Христијан Мицкоски, меѓу кои и секретарот на општината, втора по важност општинска функција.

Нивната цел е поттикнување на национализам и верски поделби меѓу граѓаните. Тоа се деструктивните политики на ДПМНЕ, кои го делат народот и ја влечат државата назад.

Зад сите штетни одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.

Претходна вестКазнети 139 возачи, осум од нив возеле пребрзо
Следна вестБлазе си ни, Македонија во 2024 година ќе стане рај