Основното јавно обвинителство Скопје бара притвор за три лица за кои вандализираа за време на протестите во петокот во Скопје, поради пресудата за случајот „Монструм“.
За нив веќе се води постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело и притвр се бара поради опасност од бегство.
Се работи за двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, кои фрлале со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети кон полициските службеници и други присутни лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.
Претходно за истиот настан Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за двајца други учесници во протестите.