Се брзаа и во недела, казнети околу илјада возачи, во Скопје 101 санкција

Вкупно 99 возачи вчера биле казнети од страна на полицијата поради пребрзото возење на сообраќајниците во земјава, соопшти денеска МВР.

-Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место, се наведува во информацијата.

На територија на град Скопје, пак, изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција.

Имало и пет мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

Претходна вестСончево со мала облачност и умерен ветер
Следна вестНадежите дека ќе се пронајде и третиот Македонeц во морето кај Халкидики не згаснуваат, потрагата продолжува и денеска