Купишта големи камења, бетонски блокови, земја и асфалт кои пропаѓаат, вода што истекува… и намаму е слика со која што се среќаваат минувачите на улицата „Белградска“ зад Детската клиника. Повеќе од два месеца откако се урна потпорниот ѕид се уште се чека да почнат некакви градежни работи за санација. Но, тие никако да почнат а состојбата од ден на ден станува се полоша. Се чини дека во скоро време ќе се случи и поголемо уривање на целата улица со оглед на постојаното истекување на подземните води.
Во јуни во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа координативна средба за потпорниот ѕид и подземните води на оваа улица. Се договараа краткорочни но и долгорочни решенија за реконструкција и за изградба на нов систем. Она што беше најитно тоа е да се поправи оградата која што е носечки дел на овој дел од прометната улица, како и да се најде решение за водите кои истекуваат. Тогаш беше кажано и дека поправката може да трае цело лето.
Но, оттогаш, барем според она што се гледа на локацијата ништо не се прави. Летото полека изминува а нема ниту едн анајава дека нешто ќе се прави. Треба ли да се чека да се урне целата „Белградска“ улица за да почне поправката на потпорниот ѕид?