Се е подготвено за физичка настава – се согласија Царовска и директорите на основните училишта на онлајн состанок

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа координативен состанок со директорите на основните училишта на кој, како што информира МОН, е заклучено дека училиштата се подготвени за започнување на новата учебна година од 1 септември по новата Концепција и според потребните здравствени протоколи.

Царовска ги информирала дека во тек е дистрибуцијата на новите учебници за прво одделение до училиштата, пишувани според новата наставна програма, а навреме ќе бидат достапни и дигиталните материјали за учење за четврто одделение кои ќе бидат само уште една алатка повеќе во успешното совладување на материјалот. Првпат ќе има и навремена испорака на учебниците за останатите одделенија кои ги побараа училиштата согласно договорите, а се однесуваат на останатите одделенија кои годинава не се опфатени со реформата.

И сето ова е во ред доколку на фотографијата што ја испратија од МОН задно со соопштението не се гледа дека средбата била онлајн.

Истиот заклочок дека се е подготвено за настава со физичко присуство беше заклучено и со Сојузот на средношколците, на средба кооја исто така беше онлајн.

Не е ли малку нессодветно, кога се најавува дека илјадници ученици за неколку дена се враќаат во затворени простории, наставнците и министерката да не се сретнат физички? Колку за впечаток, ако за ништо друго.

Претходна вестЗа едни мајка, за други маќеа: Не е битно дали попишувачите ќе се вакцинирани
Следна вестЧетвртиот бран од пандемијата ги погаѓа младите и невакцинирани лица