Се гласаше двапати но Уставен суд и денеска не избра претседател

Ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство за нов претседател на Уставен суд на денешното продолжение на постапката за избор.

-Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, известуваат од Уставниот суд.

Во соопштението на Судот се наведува дека со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни.

Според Деловникот за избор се неопходни минимум 6 гласа. Постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. До вчера имаше четири неуспешни гласања.

Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.

Претходна вест„Левица: Со новиот ДУП градежната мафија ќе почне насилно да им ги откупува бараките на локалните староседелци
Следна вестМакедонија за првпат ќе има натпреварувач на Европско првенство во скок во далечина