Се испитува како починале 12 пациенти од вирусот во неколку клиники во Македонија

Испитување на околностите под кои починале вкупно 12 пациенти од корона вирусот, вршат инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Надзорот ќе се врши во неколку клиники во Македонија, а се случува по инцидентот со 41-годишната почината пациентка заболена од Ковид-19 во штипската болница, а за која јавно проговори нејзината ќерка.

Стручни надзори се прават за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца при што се обезбедува и документацијата.

ницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од Ковид-19, се наведуав во соопштението на ДСЗИ.

Од инспекторатот информираат дека бил извршен вчера вонреден надзор во клиничката болница во Штип.

-Согласно констатираната фактичка состојба со решение му е наредено на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход, се вели во соопштението.

Претходна вестШилегов го претстави новиот концепт за градските тротоари
Следна вестВо „Лајка“ згрижени 25 бездомни кучиња, дел се заловени по пријава дека се агресивни