Се казнува непропуштање пешаци на пешачки – 128 возачи за еден ден

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Санкционирани се 128 возачи, од кои 70 на територија на Скопје. При акциската контрола санкционирани се и 208 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 12 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.

Од МВР апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Министерството  и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

Претходна вестШверц со мигранти како од хорор филм: Ги криеле во поранешна фарма во кумановско
Следна вестКовачевски: Избори ќе има, ама редовни во 2024 година