Се мијат ли воопшто и кога контејнерите што ги „красат“ скопските улици?

Скопските улици многу често се случува да наликуваат на диви депонии, кога отпадот се наталожил и надвор од контејнерите, а пак на комуналното претпријатие му се погодило празнично работење. Тогаш фотографиите од гнасните улици ги полнат порталите и медиумите, а претпријатието се правда со соопштенија.

Но, за волја на вистината во сите други денови кога не е празник или викенд, контејнерите се празнат барем еднаш на 24 часа. Но, има уште еден проблем кое не е теок, а уште помалку за спроведување ако се сака: миењето на контејнерите.

-Се миајт ли воопшто контејнерите на скопските улици? Има ли денови во годината кога таква акција се презема?

-Зошто немаат задолженија станарите во зградите во околината на контејнерите, да се организираат неколку пати во годината да ги измијат контејнерите?

-Во Германија, на пример, самите станари во зграда наизменично го чистат влезот, не се плаќаат хигиеничарки за тоа, а истовремено, тие и имаат распоред на миење на контејнерите пред зградата. Таму е срамота да не излезеш и да ја завршиш својата обврска кога ти дошол редот… Ова се коментарите на скопјани во електронската пошта на „Скопско ехо“.

Согласно последниот целогодишен извештај на работата на ЈП „Комунална хигиена“, во Скопје има 4.152 контејнери со капацитет 1.100 литри, 84.358 пластични канти со капацитет 120 литри за индивидуалните домаќинства, и околу 1.100 контејнери со различен капацитет за неопасен отпад за правни лица. Ако постои волја, но и европски стремеж што се гледа додека од уста не го вадиме Брисел, тогаш сигурно можеме како граѓани и комунални претпријатија да го покажеме и на дело, па барем неколку пати во годината да ги измиеме контејнерите што ги „красат“ скопските улици.

Претходна вестМицкоски: Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање
Следна вестСе отвора изложба на Марија Рашковиќ во Дом на градежниците