Home АКТУЕЛНО Се намалува бројот на заразени, ама и на тестирани – 13 починати, над 1.000 оздравени

Се намалува бројот на заразени, ама и на тестирани – 13 починати, над 1.000 оздравени

0
Се намалува бројот на заразени, ама и на тестирани – 13 починати, над 1.000 оздравени

Во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 22, Куманово – 18, Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644, од кои 2.507 во Скопје.