Се обновува страничното зеленило на „Партизанска“

Градот Скопје денеска почнува со есенската акција за обновување на зеленилото во нашиот град. Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека ова е на барање на жителите на Општина Карпош, бидејќи ова зеленило били сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување.

На оваа површина че биде поставен целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај.

Оваа есенска акција за зазеленување ќе се одвива до крајот на ноември.

 

Претходна вестСкопје се повеќе ми заличува на голем трговски центар со копии на секој чекор
Следна вестДИК: Досега собрани потписи за 21 независен кандидат за градоначалник и 42 листи за советници