Воените дејствија во Украина продолжуваат. Сопштено е дека гори магацин за муниција во Василково, 36 километри јужно од главниот град Киев. Пожарот избувнал по силен руски напад со 6 проектили на локалниот воен аеродром околу 7 часот.
Инаку, вооружените сили на Украина се подготвуваат за одбрана на Киев, кој е цел на руски напад, а бројни цивили доброволно им помагаат за одбрана на центарот на градот.
Руската армија пристигна на периферијата на Киев, а украинските сили поставија бројни контролни пунктови и барикади на периферијата на главниот град на Украина.
Володимир Зеленски, претседателот на Украина, во своето последно видео обраќање ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на боиштата.
Денеска експлозии се слушаат во украинските градови Николаев, Кропивницки и Днепар.