Се празнат ковид-центрите: Бројката на пациенти во Скопје падна на 71

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона – вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 194 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 5 пациенти, а вкупно се лекуваaт 71 болен сомнителен и потврден за ковид 19 на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало два примени пациенти и пет биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

На инфективните одделенија во остантите градови се лекуваат 123 пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Претходна вестПозитивни вести за состојбата со ковид, три нови заразени, но и петмина починати
Следна вестЗа две недели почнуваат уписите во средно – можност за стручно образование и стипендии