Се празнуваат светите Козма и Дамјан – чудотворци кои ги лечеле луѓето бесплатно

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат и Свети лекари. Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, нивното име носат и некои лекарски друштва, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“. Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Според народното верување, денес е добар ден за молитва за исцелување. Исто така, постои верба дека е добро да се работи напорна физичка работа денес и дека не треба да се напушта куќата непотребно. Бидејќи Козма и Дамјан ги лекувале болните цел живот, постои верба дека треба да се каже молитва за заздравување на овој ден.

Инаку, во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование.

Свети Козма и Дамјан биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух.  По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог помогна, та нејзините синови беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта.

Претходна вестСиндикалците не отстапуваат од барањето за минималец од 450 евра и бараат да не се чека март
Следна вестТаксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите