По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, објави Канал 5.
Тој бил баран по меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во собранието или во народот познат како случај „27 април“. Осомничен е за злосторничко здружување и загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но Врховниот суд на земјата го одби барањето на Македонија за екстрадиција.