Се редат функционери од ДУИ со објаснувања дека не требаат предвремени избори 

Усно кажаната оставка на премиерот Зоран Заев е главна преокупација на политичарите во Македонија. Едни бараат таа да се ефектуира и да се достави до Собранието, а едни дека оставката треба да се заборави и да се тера по старо. Најгласни да нема оставка се од ДУИ. Првиот синоќа вицепремиерот Артан Груби изјави дека интегративците сметаат оти оставката е избрзана.

-Недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата на премиерот и на цела владина коалиција за продолжување со европската и реформската агенда на Владата, рече Груби по синоќешната средба на владините коалициски партнери.

Денеска се огласи и Бујар Османи.

-На државата не ѝ требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во политичка криза, вели министерот за надворешни работи.

Претходно, пред вториот круг на локалните избори и партискиот лидер Али Ахмети порача дека Заев избрзал со најавата дека е подготвен да даде оставка оти ова биле локални а не парламентарни избори.

Очигледно, на интегративците не им се оди на нови избори и би сакале актуелната влада да продолжи и натаму, најверојатно до истекот на мандатот. Но, дали тоа беше и пораката на граѓаните од изборите, па и на оние од албанскиот политички кампус? Се нализираат ли гласовите и пораката на гласачите? ДУИ се уште се смета за главна партија кај македонските Албанци?

-Забележавме зголемување на поддршката. Да имаше парламентарни избори ќе имавме 18 пратеници, истакнува денеска Османи.

Но, сепак останува фактот дека да се изгуби Тетово кое самите го прогласија за главен град на Албанците во Македонија. Изборите покажаа и дека одамна не можат да припаат во Гостивар, едвај со носење гласачи од дијаспората победија во Кичево…

Значи, и самата ДУИ треба да се преиспита колку и понатаму е „победничка“ партија кај Албанците и какви се пораки пратиле граѓани на неделното гласање. Таквото преиспитување е најлесно да се направи на нови парламентарни избори.

 

Претходна вестМилевски од ЛДП: Не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика
Следна вестАнтикорупциска не виде проблем што фирмата на партнерот на Царовска добива тендери од Град Скопје