Што се случува во украинската влада? Ова прашање се наметна откако таму почнаа да фрштат оставки.
Најновата е од денеска – украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба поднесе оставка.
За оставката на Кулеба кој беше еден од најистакнатите соработници на претседателот Володомир Заленски денеска информираше украинскиот парламентарец Руслан Штефанчук. Пратеникот рече дека оставката на Кулеба ќе биде „разгледана на една од следните пленарни седници“, но не прецизираше датум.
Инаку, вчера оставки поднесоа и други тројца министри, како и шефот на Фондот за државна сопственост на Украина.
Украинскиот претседател најави персонални промени во Владата и во својот Кабинет, пренесуваат украинските медиуми. Во своето вечерно видеообраќање, Зеленски го објасни ова решение со потребата од зајакнување на одредени елементи на државното управување.