Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, ги продолжуваат градежните работи за реконструкција на пешачките патеки во стариот дел од Градскиот парк, во делот меѓу малите езерца, наспроти локалот „Централ парк“.
-Во овој дел од паркот се реконструираат патеки со вкупна површина од скоро 3.000 квадратни метри. Патеките што се реконструираат се со променлива ширина од три, три и пол и пет метри. Во текот на изминативе денови е извршен ископ на земја, отстранет е оштетениот асфалт и се поставени рабниците. Во тек е подготовката на површината за асфалтирање, соопшти денеска ЈП „Улици и патишта“.
Претходнио се реконструирани пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк при што целосно се обновени патеките зад Зоолошката градина кај Сточарскиот институт и патеките зад Луна паркот.