Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета

Ситуацијата по завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализирана, соопшти ЦУК.

Речиси 99% од повиците на 112, во текот на последното деноноќие биле барање да се направи записник за претрпена материјална штета, што се трансферираат до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка.

ЦУК информира и за пет пожари на отворено и за неколку помали интервенции на пожарникарите во последното деноноќие. Сите пожари се изгасени.

Пожари имало во Долнени – помеѓу селата Лажани и Кошино (горела ниска вегетација нискостеблеста шума), во Босилово – с.Старо Балдовци (грмушки), во Ново Село кај место викано „Хаџиица“ (букова шума млада јасикова шума, ниска вегетација и папрат), во Куманово кај место викано „Љикшичка“ (ѓубре) и во Велес кај резервоарот за вода на ЈП „Дервен“ кај месноста „Поток“ (горела ниска вегетација).

Претходна вестВардар се пофали со потписот на холандски репрезентативец
Следна вестШилегов пред седум години ветуваше железнички прстен околу Скопје, ќе го реализира ли сега Николоски?