Се слави Светол Понеделник, се шири радоста на Христовото воскресение

Православните христијански верници денеска го одбележуваат Светол Понеделник, втор ден Велигден, денот кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето. Оваа седмица се нарекува и Томова недела, именувана по апостол Тома.

Ова е и денот кога се практикуваат разни обичаи, кои се исти како и за Велигден, односно, со посебни свечености. Со оглед на тоа дека велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови. Верувањето е дека доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.

Во одредени краишта каде се слави православието, девојки од страна на момчиња се полеваат со вода. Колку повеќе ја полие, толку повеќе ќе има шанси да ја запроси.

Исто така, на Велигденскиот понеделник според одредени обичаи жените треба да си замислат желба и на глас да ја кажат во вечерните часови со поглед кон небото, а мажите треба да се помолат за здравје и среќа на семејството.

Претходна вестОблачно со повремен дожд и слаб ветер
Следна вестНапади врз полицајци во Берово и во Кривогаштани