Се степаа фудбалери на „Тетекс“ и „Кадино“ и завршија во полиција

Синоќа нешто по 19 часот, полициски службеници од тетовската полиција привеле двајца фудбалери на тетовскиот фудбалски клуб „Тетекс“ и уште двајца од „Кадино“ од истоименото скопско село.

Како што информираат од МВР, приведувањето било поради нивна вмешаност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.

Покрај тоа, 20-годишниот фудбалер на „Тетекс“ удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.

Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Претходна вестКичеец повеќе нема да може да користи олеснувања, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор
Следна вестСостојба како за недела: 183 нови заразени и 18 починати во изминатите 24 часа