Вчера се степале затвореници во полициската станица Чаир. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, Ш.И.(45) од с.Црн Врв, скопско, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје пријавил дека во 12.45 часот во просторија во установата, бил физички нападнат од друг осуденик С.З., информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.