Се судрија камион и автомобил во Струмица, повредени три лица

На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство – Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“, управувано од К.Л.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Претходна вестВанковска пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево: Нема да инвестираме пари во воени, туку во социјални и развојни цели за Македонија
Следна вестТешко повредена малолетничка во сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет и автомобил