Се судрил со автомобил, па прегазил малолетничка, девојчето е тешко повредено

При судир на две патнички возила „фолксваген голф“, едното управувано од И.К.(24) од Скопје, а другото од С.Н.(32) од Куманово во Куманово настрада малолетничкa. Таа била пешак на местото на несреќата.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на крстосницата од булеварот Трета македонска ударна бригада и улицата Перо Чичо во Куманово, помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, едното управувано од И.К.(24) од Скопје, а другото од С.Н.(32) од Куманово, и двете со кумановски регистарски ознаки, по што возилото управувано од И.К. удрило во малолетничка од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа.

Претходна вестОрце Ѓорѓиевски: Утре сабајле Арсовска може да стане од спиење и да казнува луѓе по улиците и да апси
Следна вестГолемата оперска дива Анџела Георгиу го отвора 63. издание на „Охридско лето“