Ноќеска во 01.20 часот во Полициската станица Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(43) и М.П.(40), двајцата од Ресен од една страна и Ј.Р.(31) од Битола од друга страна, информираше Министерството за внатрешни работи.
-Лицата дошле да пријават настан, а претходно имале расправија, по што скршено е и стакло од влезната врата на објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведено е во полицискиот билтен.