Наставниците од основните училишта во Општина Аеродром започнаа со вакцинацијата против ковид-19, која се спроведува во вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“.
Во оваа фаза од вакцинацијата се опфатени наставниците од прво до трето одделение, кои веќе извесен период спроведуваат настава со физичко присуство, а во наредниот период ќе бидат вакцинирани и наставниците што спроведуваат онлајн-настава, како и техничкиот персонал на училиштата.
Градоначалникот Златно Марин вели дека има масовен одѕив, а на фејсбук-профилот на Општината се споделени фотографии кои ги направиле наставниците.