Се вози пребрзо, без дозволи, не се дава првенство на минување…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 10 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола и 12 санкции за непочитување на првенство на минување.

-Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…, се наведува во иннформацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСе слави Света Петка, заштитничка на жените која им помага на болните и сиромашните
Следна вестСега останува да го исполнат ветеното: Фон дер Лајен најави помош од 80 милиони евра