Се враќа топлото време, денеска преку ден до 28 степени

Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Утре и во понеделник ќе биде сончево, додека потоа следува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд на места поројни со услови за појава на грмежи.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб ветер. Утрото ќе биде посвежо.

Минималната температура ќе се движи од 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.

Претходна вестПочина Дејан Костуранов, поранешен македонски голман
Следна вестСвечено отворање на„Браќа Манаки“, Мицкоски ја додели наградата „Златна камера 300“ на кинематограферот Далбонел