Се заборави ли дека на некои изборачки места во тетовско го снема македонскиот јазик?

Ќе остане ли истакнувањето на описите на избирачките места само на албански јазик само „технички пропуст“ или од случката на неодамнешните локални избори во Тетово ќе се извлечат поуки, a некој одговорен ќе биде казнет? Ваквата дилема се наметнува откако неправилностите со кои се суспендираше службената употреба на македонскиот јазик на вонредните избори за членови на Советот на тетовската општина се појавија на повеќе избирачки места. Граѓаните тогаш реагираа бидејќи изборната регуларност бара таквите списоци да бидат истакнати и на македонски и на албански јазик.

Тогаш, претседател на ДИК Александар Даштевски при посетата на избирачките места оцени дека се работи за мал пропуст.

-На некои места имаше објавени списоци само на албански јазик, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека мора да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме, објасни тогаш Даштевски.

 Но, еве помина десетина дена по завршувањето на овие избори, сега тој нема штом да додаде? Друг орган во Македонија нема да реагира на случајот во кој македонскиот јазик се трга настрана? 

Од ДИК јавно не соопштија каков епилог доби ова изборна нерегуларност. Нема информација дека некој е повикан на одговорност, дека е санкциониран, опоменат… Се чини како се да остана на ставот на Даштевски дека се работи за мал пропуст и дека нема место за одговорност. А дали е така? Изборниот процес е важна демократска процедура за чија регуларност мора да бидат испочитувани сите предвидени правни процедури. Меѓу нив и истакнувањето на двојазичните описи на изборачките места таму каде што тоа е потребно заради составот на населението. Доколку сето ова сега помине без каква и да е реакција, ќе значи ли тоа дека на некои следини избори – во Тетово или во некоја друга средина, сеедно – пак ќе може да се случуваат таквите пропусти кои ќе се третираат како мали и без повикување на нечија одговорност? Ако тоа стане пракса, тогаш, што ќе биде следен пропуст?

Претходна вестЕУ ќе го укине безвизниот режим со Русија: Не може низ градовите да ни се шетаат руски туристи
Следна вестСрпскиот патријарх Порфириј го нарече г.г. Стефан како архиепископ на Северна Македонија