Се заканил на продавачка: „Дај ги парите, ќе те убијам“, а и на друго место украл пари  

Обвинение за кривичното дело разбојништво е поднесено против еден скопјанец од страна на Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинетиот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и му ја тргнала медицинската маска која обвинетиот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал, се наведува во соопштението.

Против истото лице поднесен е и Обвинителен предлог за две кривични дел – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 17 јануари обвинетиот, од маркет на улицата “50-та Дивизија” одзел 27.500 денари. Искористувајќи го невниманието на една вработена, тој се приближил до касата, ги украл парите и избегал. Од истиот маркет, на истиот начин, на 16 јуни годинава одзел уште 52.500 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Претходна вестЗа една недела во Центар изречени се казни за 293 нерописно паркирани возила
Следна вестЕден од терористите во Виена e Албанец со потекло од Македонија