Се замрзнуваат цените на кромидот, доматите, краставиците, бананите…, Бектеши ги повикува граѓаните да го продолжат списокот

Домати, краставици, кромид, карфиол, пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони, дел се од зеленчуците и овошјата чии цени денеска ќе бидат замрзнати на на владината седница.

Но, министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните да предложат и други производи за кои сметаат дека се скапи и да дадат предлог цени по кои им се прифатливи да ги купуваат.

-Ги повикувам граѓаните да дадат придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи!, напиша Бектеши на својот профил на Фејсбук.

Одлуката на министерството за економија следува откако дел од трговците со земјоделски производи, според анализата, тргувале со маржа од над 100, а некаде со дури и 200 отсто.

Претходна вестСо зборовите „Колку е блиску сонцето“ почна мисијата на Македонскиот народен театар
Следна вестДел од возачите се надминаа во прекршоците – од 187 казнети дури 134 се за брзо возење