Голем пожар во Чаир, 8 пожарникарски возила се борат со огнените јазици

Противпожарната единица на град Скопје попладнево интервенираше во гаснење  пожар на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Од МВР изјавија дека биле зафатени 4 објекти, а се интервенира со 8 противпожарни возила.

– Денес околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов сè уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила – велат од МВР.

Дојавата била за запалена работилница. Како што може да се види од фотографиите што од оваа Бригада ги објавија на својот Фејсбук профил се работи за густо наредени куќи, дуќани и згради, поради што имало опасност од поголема катастрофа.

Претходна вестРечиси ист број на починати и на нови заразени за 24 часа
Следна вестКаде „пропадна“ Националната платформа, како на настава од септември?