На булевар „8 септгември“ настанал пожар во товарно возило во движење „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Комунална хигиена“.
„На 13.10.2022 во 07.54 часот во СВР Скопје било пријавено настанал пожар во товарно возило во движење „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Комунална хигиена“, управуван од вработениот А.К“, информираат од МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.