Пожар избувна во возилото на итната помош денеска во Куманово при враќањето на еден пациент од Скопје. Благодарение на брзата интервенција на возачот, на граѓаните и на пожарникарите се спречи возилото целосно да изгори. Чадот се појавил во моторот, по што следеше гаснењето.
Во возилото биле само пациентот и возачот и двајцата се во добра состојба. Пациентот веднаш бил извлечен од возилото и сместен во неговиот дом кој беше во близина на возилото.
Возилото било редовно сервисирано.