Сечеле кабел за струја па предизвикале пожар во Раштак

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско, соопшти полицијата.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје.

Претходна вестСо автоматска пушка испукал 11 куршуми сакајќи да убие маж и жена
Следна вестИ натаму сончево и топло, попладне можна локална нестабилност