Седни и одмори се на клупа во паркот „Жена-борец“

Централниот парк во градот „Жена – борец“ е омилено место за скопјани. Минатите години и малку го разубавија со нови клупи, со корпи за отпадоци, со потсредено зеленило…

Арно ама, сето тоа треба да се одржува. Што од надлежните, што од самите граѓани. Дали е така? 

Не малку клупи за седење се целосно неупотребливи бидејќи се извалкани со птичји измет. Тоа, се чини, е неминовност бидејќи тие клупи се поставени токму под крошните на големите дрвја на кои секојдневно се собираат голем број на најразлични птици. Овој парк, познато е, е една од локациите која овие птици ги користат за своето престојувалиште. Тогаш, логично е и да се очекува дека на парковските површини ќе има дополнително ѓубре.

Во тоа граѓаните секојдневно се уверуваат. Ѓубре има на пешачките тротоари, го има и на клупите. Дали го гледаат надлежните за чистење?

Опција да се чистат клупите, се чини, ќе се соочи со секојдневна залудна работа бидејќи птиците ќе си го прават своето. Тогаш, најдобро е клупите да се преместат на некој друг дел од паркот. Вака, клупите платени со пари на граѓаните, само залудно пропаѓаат.

За несредените, а пренатрупани споменици…, во друга прилика ќе ги потсетиме.

Претходна вестНе уверуваат дека штедат, ама од скапите апанажи не се откажуваат
Следна вестВладата одби да им помогне на општините за превисоките сметки за струја