Во последните 24 часа, седум лица починаа како последица на ковид-19, додека од направени 2.107 тестирања, регистрирани се 373 нови случаи позитивни на корона вирус.
Од починатите седум лица, двајца се од Скопје и по еден смртен случај од Тетово, Велес, Охрид, Кичево и Дебар, на возраст од 48 до 84 години. Шест од нив починале во болница, додека еден дома.
Од новозаразените 373, најмногу се од Скопје – 161.
Исто така, денеска се регистрирани и 638 оздравени пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјава со корона вирус се заразија 93.882, а 2.900 починаа. Во моментов активни случаи има 7.558, од кои 3.802 во Скопје.